Во Јасеновац денеска се одржа комеморација по повод 70-годишнината од пробивот на логорашите, на која присуствуваа претставници на хрватската Влада, на дипломатскиот кор, на националните малцинства, на антифашистичките здруженија и други гости.
На комеморацијата не присуствуваше претседателската на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, која Јасеновац го посети на 22 април.
Премиерот Зоран Милановиќ истакна дека денешна Хрватска не е наследничка на Независна држава Хрватска.
Комеморацијата се одржува во знак на сеќавање на 22 април 1945 година, денот на пробивот на затворениците од Јасеновац.
Во усташкиот концентрационен логор Јасеновац, кој постоеше 1.337 денови убиени се над 83.000 луѓе, од кои над 20.000 жени и 20.101 деца до 14 година. Жртвите биле Срби, Роми, Евреи, Хрвати и антифашисти.
Од 1.073 затвореници, колку што имаше во логорот, 600 се обиделе да го ослободат логорот, а преживеале само стотина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.