| четврток, 6 декември 2018 |

ИД во Јемен: Стигнавме!

isis
Екстремистичката групација Исламска држава соопшти дека и официјално пристигнала во Јемен, објавувајќи на Интернет видео-снимка на која се заканува дека ќе ги заколе припадниците на шиитската заедница Хути.
На снимката, која трае околу девет минути, прикажани се 20-тина борци на ИД со целосна борбена опрема, во пустинска област за која тврдат дека се наоѓа во близина на главниот јеменски град, Сана.

Екстремистите на снимката најпрво испукуваат неколку куршуми, а потоа личноста, која изгледа како водач на групата го забива знамето на ИД во песок и прогласува дека војниците на калифатот пристигнале во Јемен и оти „ќе им ги сечат вратовите на Хутите“.

– Стигнавме во Јемен, со луѓе жедни за вашата крв, да ги одмаздиме сунитите и да ја вратиме земјата, која ја зазедовте, изјавува водачот на џихадистите на снимката и ги повикува сунитите да им се придружат во борбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top