Салата „Билјанини извори“ денеска беше претесна да ги собере сите поддржувачи на владејачката партија во Охрид. Охриѓани денеска потврдија дека застануваат зад опцијата која нуди конкретни мерки и проекти за развој на регионот преку отворање на нови фабрики и креирање нови работни места, а не зад оние кои го преплавија градот со криминал и долгови.
Во инвестициите на ОДВ и Костал до крај на годината ќе се вработат над 300 од вкупно 2000 работници, 250 работни места за кичевчани во КСС до крајот на годината, нова англиска инвестиција, интензивни инвестиции во охридската и кичевската болница и болницата Св. Еразмо, нова мерка за плаќање на заостанатите придонеси на рати и со попусти, наскоро повик за изградба и концесија на автопатот Гостивар-Кичево, започнување со градба на затворениот базен во Охрид… беа само дел од пораките кои денеска од Охрид ги испрати премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.