Овие луѓе кои неодамна имаа настан овде се од таа истата опозиција која го заглави Охрид во над 50 милиони евра долгови од кои глава не можеме да кренеме веќе две години. Долг кој го враќа локалната самоуправа и досега долгот е намален за 3 милиони евра, а исплатени се над 8 милиони евра камати, рече премиерот Никола Груевски на народниот собир во Охрид.
Груевски рече дека тоа е истата опозиција која го удави Охрид во криминалии, во перење пари, во незаконски набавки и договори, истата опозиција која шуруваше со подземјето, чии експоненти со нога ја отвораа вратата на градоначалникот, го киднапираа и третираа како измеќар, град во кој избори на СДСМ истите тие од подземјето му ги добиваа со купување гласови, со притисоци и закани кон граѓаните од сите заедници, а за возврат добиваа тендери и бизниси со општината, си креираа и договараа задолжувања и на најбрутален и безобразен начин го клекнаа Охрид на колена, со 50 милиони евра долг, кој е голем и за државата, а камоли за градот Охрид.
-Е тие луѓе сакаат охриѓани да заборават. Да заборават на сите криминалии и глупости на поранешниот градоначалник, на сите тие ликови кои го третираа Охрид како нивна приватна своина која треба да ја раскрчмат и ограбат. Но Охрид не само што не заборава, Охрид враќа, и затоа на изборите ВМРО – ДПМНЕ победи со толку голема разлика, затоа во два изборни циклуси по ред, разликата во гласови е толку голема што не можат да најдат ниту еден единствен, ниту меѓу нивните, кои би им поверувал дека сме победиле заради нешто друго. Охриѓани враќаат и тоа така треба. И ние сме свесни за тоа. Како што сме свесни и за очекувањата кои Охриѓани ги имаа од нас и од градоначалникот, очекувања кои беа доста високи, и со право високи. Охрид заслужува повеќе, и ние навистина правиме максимум колку што можеме да помогнеме во повеќе области каде тоа е возможно, во оваа комплицирана ситуација во која го остави СДСМ, рече Груевски.
Тој нагласи дека има доста проблеми, свесен е за секојдневието во Охрид, најизворно знае за нивните проблеми и како што нагласи знае дека мора да се направи нешто повеќе, иако и досега направивени се многу нешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.