Полициска патрола во североисточна Грција спаси денеска 69 имигранти во реката Еврос, која претставува природна граница со Турција, која често пати е користена од нелегалните имигранти за влез во Европа, пишува весникот „Катимерини“.
Полицијата користела чамец на дување, за да ги доведе 42. мажи, десет жени и 17 деца до брегот.
Имигрантите, кои спроед првичните информации се во добра здравствена состојба се претпоставува дека биле оставени од трговците со луѓе. Нивната националност се уште не е позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.