Голем број на граѓани се приситни денеска во спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, каде се одржува трибина на ВМРО-ДПМНЕ. Како и на претходните трибини и собири на владејачката партија од караванот кој започна во Скопје, и во Охрид денеска се собраа голем број на граѓани.
Пред нив свое обраќање ќе имаат лидерот Никола Груевски и уште неколку важни политички личности од партијата.
Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, повторно ќе бидат испратени јасни пораки за тоа што се залага и за тоа што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.
Претходно, владеачката партија одржа вакви народни собири во повеќе градови во Македонија, вклучувајќи го и главниот град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.