| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен сопственикот на „Борсалино“, фабриката која го промени светот на шеширите

Швајцарската полиција во близина на Лугано го уапси италијанскиот бизнисмен Марко Маренко, сопственик на позната фирма за шешири „Борсалино“.

Маренко (59) е сопствениик и на енергетски компании и компании за гас во Азија. Тој побегна од Италија, каде има распишано потера поради финансиски малверзации и неплатени даноци.

Швајцарската полиција го уапси Маренко на барање на италијанските власти. Тој ја напушти Италија откако неговите компании претрпеа рекордни загуби во висина од над три милијарди евра.

Фирмата „Борселино“ е формирана 1857 година, а нејзините шешири ги носеле многу познати личности и актери, меѓу кои поранешниот јапонски цар Хирохито, актерите Хемфри Богарт, Ворен Бити и Гари Купер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top