| четврток, 6 декември 2018 |

Гласаа затвореници, раселени и немоќни

zatvor

Пред локалните избори,  своето право на глас денеска можат да го остварат 1.446 лица во казнено-поправните домови, лицата кои издржуваат мерка куќен притвор, 136 внатрешно раселени лица, како и немоќните и болните кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во колективните домови и прифатните центри каде што се сместени, болните и немоќни лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор гласаат во местото каде ја издржува мерката куќен притвор. Гласањето почна во 7 часот и трае до 19 часот.

Внатрешно раселените лица од Матејче и Опае денеска избираат меѓу тројца кандидати за градоначалници и три советнички листи за општина Липково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top