Шпанските власти запленија 590 килограми кокаин сокриен во една едрилица во приватно пристаниште и уапсија еден Бугарин и еден државјанин на Србија, соопшти денеска полицијата.
Осомничените се идентификувани како 60-годишен бугарски државјанин и 30-годишен српски државјанин, од кои едниот бил вооружен со пиштол од калибарот 9 мм., се наведува во соопштението на шпанската полиција.
Операцијата почнала кога е воочен сомнителен брод во меѓународните води, кој се движел кон брегот на Шпанија. Јахтата потоа влегла во пристаништето Сотограндеу во југозападна Шпанија. Агентите нешто подоцна пребарале и неколку куќи во истото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.