В сабота (25 април) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Рајмонда“, еден од бисерите на балетската класика. „Рајмонда“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Во улогата на Абдурахман, ќе настапи гостинот од Бугарија, Дојчин Дочев. Улогата, Бела Дама ќе ја толкува Наташа Јосифовска. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.
„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, што ги изработи ателјето на МНТ, под менторство на гостите од Украина: Гана Ипатиева и Андреј Злобин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.