Тој додавал дека никој не може да предвиди кои ќе бидат последиците од таквиот излез.
Во разговор со норвешкиот филозоф Џон Елстер направен кон крајот на март и објавен во француско списание, Варуфакис вели дека не е време да се блефира околу преговорите за долгот на Грција.
– Не можеме да блефираме повеќе. Кога велам дека ќе завршиме со тоа што ќе го напуштиме еврото, ако треба да прифатиме уште повеќе неодржливо штедење, тоа не е блеф – рекол Варуфакис.
На прашањето што ќе се случи ако Грција ја напушти еврозоната, Варуфакис се осврнува на коментарите од страна на европските политичари што велат дека може да се избегне ефектот на зараза. Тој, сепак, додава дека верува дека последиците ќе бидат непредвидливи.
– Секој што се преправа дека знае што ќе се случи на денот кога ќе бидеме турнати во амбис, зборува глупости и работи против Европа – истакнал грчкиот министер за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сте зеле плата, а веќе немате ни денар: Еве како да заштедите и да имате повеќе пари
-
Овие уреди ви трошат струја и кога се исклучени
-
Сега е време да се почне: Како да заштедите 1 500 евра до крајот на годинава без да забележите
-
Саксо банк: Еврото ќе падне на паритет со доларот, биткоинот ќе доживее крах