| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуација заради вулканот во Чиле (Видео)

Евакуација е во тек откако вулканот Калбуко, во јужно Чиле, вчера неочекувано се активира. И денеска продолжи да исфрла пепел заради што се откажани сите летови од околните градови на територијата на Чиле и соседна Аргентина, пренесоа британските медиуми.

Вулканот, чија последна голема ерупција била во 1961 година, се наоѓа крај месноста Пуерто Варас, на околу 1.000 километри јужно од главниот град Сантјаго. Од вчера тој во воздухот исфрла огромен столб од пепел и чад, што достигнува височина од приближно 20 километри .

volcano4_3277663bСпоред податоците на властите денеска околу 4.000 лица биле евакуирани од реоните непосредно до вулканот. Спасувачките служби ги фокусираат своите напори врз малиот град Енсенада, на околу 15 километри од Калбуко.

Алпинист, кој на почетокот на ерупцијата случајно се нашол во близина на врвот на вулканот, се води за исчезнат.

Летовите од блискиот чилеански град Пуерто Монт се откажани, бидејќи вулканската пепел може да им наштети на авионите и летањето да го направи опасно. Од другата страна на чилеанско-аргентинската граница, во близина на аргентинскиот град Барилоче, исто така,има откажани летови, а училиштата денеска останаа затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top