Крилниот центар на ЛА Клиперс Блејк Грифин одигра одлично и во вториот натпревар од првото коло во плејофот во НБА лигата против шампионот Сан Антонио, но не се радуваше на крајот на мечот.
Тој постигна трипл-дабл со учинок од 29 поени, 12 скока и 11 асистенции што е прв негов трипл-дабл во кариерата во плејофот.
Грифин е трагичар за својот тим бидејќи во последниот напад на 11 секунди до крајот при водство на неговата екипа од 94-92 ја испушти топката од раце што им овозможи на „мамузите“ да отворат контра и преку слободни фрлања да дојдат до измранување. Во продолжение Сан Антонио беше подобар и заслужено го измрани резултатот на 1-1 во серијата подобар до четири победи.
Следните два меча се играат на теренот на Сан Антонио, а овој пар оценет како најсилен во четвртфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)