| четврток, 6 декември 2018 |

Француска врска на вардарки, Флери е спаринг-партнер пред Ф4 во Будимпешта

Францускиот прволигаш Флери ќе му биде спаринг-партнер на македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар пред настапот на фајналфор турнирот за европската титула во Будимпешта.

Од денеска до недела Французинките ќе имаат два заеднички тренинга со вардарки, а ќе одиграат и два тест-дуела, едниот од затворен, а вториот од отворен карактер. Утре двата тима ќе си ги одмерат силите без присуство на публика, а на вториот меч в недела ќе има и гледачи.

Експедицијата на Вардар ќе патува за Будимпешта на 7 мај, а во полуфиналето со Будуќност ќе игра два дена подоцна од 16.45 часот. Во зависност од исходот на тој меч, веќе следниот ден, на 10 мај, „црвено-црните“ ќе играат во финалето или во мечот за третото место.

vardar-gerg-20

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top