| четврток, 6 декември 2018 |

Цело Неготино без вода поради дефект на главниот цевковод

Поради голем дефект на главниот цевковод по кој доаѓа вода за пиење од регионалниот водовод Лукар до Неготино, неготинци денеска ќе бидат без вода до 17 часот, информираше денеска Наташа Лазова, директорката на неготинското јавно претпријатие „Комуналец“.

– Сериозниот дефект е на разделната шахта од кавадаречкото село Ваташа до Неготино. Наши стручни тимови веќе работат на терен со цел отстранување на дефектот во најбрз можен рок. По неговото санирање, водата повторно ќе протече во чешмите на  неготинските корисници и ќе се стабилизира водоснабдувањето во градот – соопшти Лазова.

Веќе неколку децении Неготино со вода за пиење се снабдува од регионалниот водовод Лукар, која се носи педесетина километри од подножјето на планината Кожуф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top