| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Над 26.000 луѓе инфицирани од ебола

сзо

Повеќе од 26.000 луѓе се заболеле од ебола од почетокот на епидемијата, од кои 10.823 починале, соопшти Светската здравствена организација.

Минатата недела регистрирани се 33 нови случаи, од кои 21 во Гвинеја и 12 во Сиера Леоне.

– За да се ограничи ширење на епидемијата потребен е посериозен ангажман од страна на меѓународната заедница и да се подобрат можностите за рано откривање на болеста- се посочува во соопштението на СЗО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top