| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите си одбраа полуфинални двојки, Реал со Јувентус и Барселона против Баерн

Симпатизерите на квартетот најдобри клубови што останаа во игра за европската титула во Лигата на шампионите си ги одбраа ривалите, само останува утре во Нион на ждрепката да имаат среќа за да им се остварат желбите.

SS Lazio vs Juventus FC

Навивачите на актуелниот шампион Реал Мадрид во анкета на реномираната „Марка“ со големо мнозинство го одбраа Јувентус како посакуван противник во полуфиналните двомечи. Баерн е зад старата дама од Торино, а најмалку популарните меренгеси сакаат да играат со Барселона. Ново Ел Класико е последно на листата на желби на навивачите на Реал.

Интересно и симпатизерите на Јувентус како пик број 1 го одбраа Реал Мадрид и тоа поради добрите спомени од дуелите со кралскиот клуб. Јуве го елиминираше Реал во два наврата во новиот милениум и тоа токму во полуфиналето, а потоа уште двапати го надиграа во фаза по групи.

Навивачите на Барселона со 53 проценти се изјаснија за Баерн, а главната причина е Пеп Гвардиола. Поранешниот тренер на Каталонците е вистински предизвик за симпатизерите на Барселона. Баварците сакаат да ја избегнат Барса во полуфиналето, а најпосакуван противник во полуфиналето за нив би бил Реал Мадрид.

Официјалната ждрепка е утре во Нион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top