Русија бара меѓународна поддршка за македонските власти во напорите да се врати редот во проблематичниот регион. Во соопштението од руското МНР во врска со терористичкиот напад на караулата Гошинце, Москва, исто така, изразува длабока загриженост за настанот.
– Со длабока загриженост го примивме соопштението за нападот на група вооружени лица врз граничниот пункт Гошинце на македонската страна од косовскиот дел на границата меѓу Македонија и Србија. Инцидентот на македонската граница покажува дека на овој дел од Балканот и натаму има длабоки етнички тензии и место за потенцијални конфликти. На оваа ситуација примарно влијание има сериозниот недостиг на владеењето на правото и безбедноста во Косово, што очигледно е последица на нерешениот косовски проблем како целина. Тоа веќе не може да се игнорира, како и сè позачестеното присуство на големоалбанските слогани. Се надеваме дека напорите на македонските власти да го врати редот во проблематичниот регион на земјата ќе ја добијат потребната меѓународна поддршка – соопшти руското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.