| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид и Јувентус се пласираа во полуфиналето на ЛШ (видео)

Покрај екипите на Барселона и Баерн Минхен во најдобрата четворка во Европа се пласираа и екипите на Реал Мадрид и Јувентус. Последните патници беа познати по одигрувањето на реванш дуелите на Реал Мадрид со Атлетико Мадрид и Монако со Јувентус.

Real Madrid vs Atletico Madrid

Реал Мадрид успеа да слави минимална победа од 1-0 над градскиот ривал и минатогодишен финалист Атлетико Мадрид со голот на Чичарито во самиот финиш од мечот, откако од десната страна одлични додавања врзаа Кристијано Роналдо и Џејмс Родригез, а најдобриот светски фудбалер одигра несебично и му додаде на Чичарито, а овој биеше прецизно во празната мрежа.
Со овој гол Реал се пласираше во полуфиналето бидејќи на првиот натпревар на „Весенте Калдерон“ резулатот беше 0-0.
Атлетико одбра да игра дефанзивен фудбал и со евентуални контра-напади да се обиде да го загорзи голот на Касилјас. Реал беше поконтректен во текот на целиот натпревар иако десеткуван со неиграњето на Модриќ, Бензема и Бејл се обидуваше да дојде до шанса за да го совлада голманот Облак. Кристијано Роналдо промаши идеална шанса во финишот од првиот дел, а истото го направи и Чичарито.
Мора да се истакне дека Атлетико Мадрид мечот го заврши со 10 играчи бидејќи во 76 минута поради втор жолт картон од игра беше исклучен турскиот интернационалец Арда Туран.


Goal chicharito – Real Madrid 1-0 Atl… by Bayeo

Во вториот натпревар одгран во Монако, домашната екипа не успеа да ја анулира предноста на Јувентус од првиот натпревар кога торинскиот клуб славеше со 1-0.

AS Monaco vs Juventus FC

Иако беа подобри во текот на целиот натпревар упатија дури 12 удари кон голот на Џиџи Буфон, Монако има за што да жали бидејќи беше на чекор од фудбалскиот крем на Европа и пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Сепак мора да се признае дека овој натпревар беше крајно сомнителен по одлуките на главниот судија. Џорџо Кјелини беше во центарот на вниманието кога можеше да заработи и црвен картон, а помина само со еден жолт во текот на мечот. Судијата не се огласи и кога Кјелини и Видал го соборија Кондобија во казнетиот простор, но главниот судија од Шкотска повторно остана нем.
Во полуфиналето сепак оди екипата со поголема традиција и реноме, и се очекува двата полуфинални двобои да предизивкаат големо внимание во целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top