Во времето на владеење на СДСМ, кога Радмила Шекеринска беше вицепремиер, се случи најголемата афера во македонското новинарство. Скандалозната афера беше наречена „Фабрика“. Тогаш, на неколку метри од зградата на Владата, во една куќарка, се пишуваа текстови, се уредуваа вести и се креираше перцепција во интерес на СДСМ. За оние кои не се сеќаваат, со „Фабрика“ раководеше Петар Арсовски и Зоран Јачев од „Транспарентност“ на Слаѓана Тасева. Аферата „Фабрика“ откри дека биле ангажирани новинари да фабрикуваат текстови во корист на Владата на СДСМ, а меѓу споменуваните новинарски имиња беа: Борјан Јовановски, Сабина Факиќ, Герман Филков и други.
Тогашниот министер на СДСМ за внатрешни работи Томислав Чокревски велеше дека постои административен брак помеѓу новинарите и државата, а перјаникот на СДСМ, Љубомир Фрчковски за македонското новинарство од позиција на министер изјави “наменски се одгледува како печурка во подруми и се храни со гомна”.
Јавноста не ги заборава и раните почетоци за пишувањата на Бранко Героски кој своето искуство го стекнуваше преку редактирање на полицискиот весник на МВР кој беше под капата на СДСМ, како и на говорот на омраза, на навредливите содржини, на повикот на линч, алузијата за убиство на премиерот, на замолкнување на неистомислениците редовно пренесувани од медиумите на СОРОС и медиумите блиски на СДСМ.
Дополнително, СДСМ и СОРОС преку сегашниот шеф на комуникации на СДСМ а тогаш претседател на ЗНМ, Роберт Поповски, кој организираше протести на новинари платеници на СОРОС со политички предзнак под мото „Овде сме тепајте не“, а сега со цел да ја најави и создаде атмосфера за денешната прес конференција измислија наводна достава на венец во домот на Борјан Јовановски.
Јавноста памети низа афери на најголемата опозициска партија поврзани со медиумите изминативе години. Новинарскиот труд на новинарите кои Заев ги нарекува професионални, чинел во просек по околу 5 милиони евра годишно. Фондацијата СОРОС Македонија, чиј претседател Владимир Милчин е поранешен член на раководството на СДСМ, во своите години на делување потроши над 93 милиони евра наменети директно за корумпирање на сите општествени сфери. Оваа фондација ги финансира медиумите како „Плусинфо“ и „Слободен печат“ на Бранко Героски, „Либертас“ на Ацо Кабранов, „Нова ТВ“ на Борјан Јовановски, „Бриф“ на Ленче Николоска, „А1.он“ на Предраг Петровиќ, „Фокус“, порталот „Центар њуз“ и многу други нивни сателити. Овие медиуми предничат во манипулациите и секојдневните конструкции против ВМРО-ДПМНЕ.
Во јавноста неодамна на виделина излезе пазарењето на новинарскиот кредибилитет за минути за рекламирање, нешто за што говореше и Љубе Бошкоски. СДСМ е партијата на чии листи се најдоа токму новинари од истата телевизија за која Бошковски тврдеше дека има пазарење.
Оттука доаѓа прашањето, дали и СДСМ добил попуст кај Велија Рамковски за рекламирање на А1 телевизија, ако се има во предвид дека двајца новинари на оваа телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска како претставнци од здружената опозиција предводена од СДСМ и дел од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ успеаа да се изборат за пратенички места, кои според тврдењата на Бошкоски носеле и минимална наплата за рекламирање на А1.
Во целиот амбиент и корумпирањето на медиумскиот сектор се придодава и фаврозириањето и корумпирањето на целиот невладин сектор и безбројните сателити невладини организации кои се финансираат од парите на СОРОС Македонија, како на пример партискиот институт на СДСМ Прогрес, Контрапункт, Плоштад Слобода, Трансапетретност Македонија, Хелсишнскиот комитет за човекови права, Македонскиот центар за европско образование и многу други.
На почетокот од минатата година, весникот „Дневник“ ја обелодени аферата со новинарите бизнисмени, односно фактот што новинари блиски до СДСМ имале фирми и наместо новинарството примарна цел им бил бизнисот и парите. Па така, на тој список се најдоа Бранко Героски, Ацо Кабранов, Билјана Секуловска, Менче Точи, Борјан Јовановски, како и Оливера Трајковска која имала заедничка фирма со Софија Куновска од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.