Агенцијата за промоција и подршка на туризмот (АППТРМ) во рамки на бизнис настанот „Вечер со експерти“ во Австрија, ќе ги презентира туристичките потенцијали на Македонија, атрактивните туристички продукти и дестинации, висината и начинот на субвенционирање за организиран странски туристички промет и можностите за инвестирање во туристичко развојните зони.
Презентациите ќе бидат во Салзбург, Грац, Инзбрук и Линц пред повеќе од 300 тур-оператори.
Агенцијата ја претставува делегација преводена од директорот Кристијан Џамбазовски.
– Ова е начин преку директен контакт со тур-оператори и професионалци од туристичкото стопанство на Австрија за презентирање и запознавање со македонскиот туристички производ и македонските потенцијали, а со цел отворање нови пазари и зголемување на австриските туристи во Македонија – ссопшти Агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.