Со изложба на природни минерали и кристали и песна посветена на македонскиот рубин денеска во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија беше одбележан Светскиот ден на планетата Земја.
Деан Шкартов со години го обработува македонскиот рубин и го вметнува во македонски филигран изработен во сребро или злато.
– Денот на планетата главно се одбележува со еколошки приредби и чистење на градот, што е добро. Но, ние решивме да го одбележиме преку мала изложба на светот на природните минерали и кристали, секако и македонскиот рубин. Тие се основата на материјата од која е составена нашата планета. Еден од суштинските елементи на планетата Земја се минералите кои се најмалку познати. Иако се малку познати, тие се многу присутни. Ги има во градежништвото, козметичката индустрија – вели Шкартов.
Тој долги години, скоро две децении се занимава со истражување на камењата во Македонија.
– Во Македонија скапоцените камења никогаш не биле третирани на начин на којшто заслужуваат. Иако нашата држава многу добро е проучена од аспект на геолошките анализи, главно тие биле насочувани кон индустриските минерали. Цинковата, бакарната руда, кварцот, феро-никелот се главна извозна суровина на Македонија – додава Шкартов.
Шкартов, заедно со своите соработници вчера отпеаја и песна посветена на македонскиот рубин. Тоа е познатата песна на „Чукни во дрво“, на која тие направија препев, а за тоа добиле дозвола и од Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)