Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (УКИМ) организира проекцијата на документарниот филм „Алфабет“ (Alphabet) на Ервин Вагенхофер. Настанот ќе се одржи на 23 април (четврток), со почеток во 18 часот, во амфитеатар 3.
По завршувањето на филмот, предвидена е дискусија, која ќе ја водат проф. Славица Србиновска од катедрата за општа и компаративна книжевност и Сашо Н. Алушевски од Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“.
Филмот „Алфабет“ (продукција Австрија/Германија, 2013) ја велича човековата имагинација, покажувајќи ни како ја губиме низ стандардизираниот образовен систем и како стануваме совршен потрошен материјал за современото вртоглаво општество заинтересирано единствено за мерливи резултати. Станува збор за остра критика на модерното образование, преку анализа на алтернативните начини на едукација.
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е основан во Скопје во 2010 година со цел да ја претстави и промовира креативната документарна филмска уметност. Главните три цели на „МакеДокс“ се едукација на млади филмофили, ширење на етичките идеи и придонес во одржувањето и развојот на човековите права. Зачнат со ентузијазмот на една група на доку-љубители, „МакеДокс“ за само пет години успеа да прерасне во национална, регионална и светски етаблирана филмска манифестација со над 80 проекции годишно, придружена со изложби, дебати, работилници, мастер-класови и музички настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
Погледнете како се пишува добар роман во „Работилница“