| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали автомобил во движење

возило

Во Гевгелија на улицата 7-ми Ноември денеска околу 15 часот и 10 минути во непосредна близина на Полициската станица запали автомобил во движење, „Пежо 206“ .

Патниците без повреди брзо го напуштиле опожареното возило, но никој во околината немал противпожарен апарат да го локализира огнот. Гевгелиските пожарникари за десетина минути стигнале на местото и со брза интервенција целосно го изгаснале возилото.

Според првичните информации причина за пожарот на возилото најверојатно е дефект на плинскиот уред кој за среќа освен причинетата материјална штета на возилото не предизвикал посериозни последици по случајните минувачи и околните објекти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top