Неформалните организации кои во името имаат вградено „пленум“ а кои делуваат послените неколку месеци, не се ништо друго туку продолжена рака на опозицијата која треба да прикаже група обединета заради некакво незадоволство. Нивното организирање и делување не се разликува во ништо од Сороцжсовата организација „Доста е“. Ако Студентскиот пленум беше најистакнат пример, тогаш не треба да чуди што симболите на овие две организации ја имаат истата тупаница- само ѕвездата на СДСМ е заменета со молив. Активностите на сите пленумци- членови и симпатизери на СДСМ- наставничкиот, новинарскиот и другите пленуми се главниот извор за информации на опозициските медиуми кои се финансирани од Сорос. Дури и се иницијатори и поттикнувачи на определени сценарија.
„Доста е“ се појави во 2001 година поддржана од фондацијата Сорос под директна наредба од Владимир Милчин, инаку долгогодишен функционер на СДСМ. Поголем број невладини организации беа вклучени во Платформата Доста е и Платформата за мир и стабилност, предводени од Сорос- Македонија. Анализите покажаа дека коалицијата беше формирана за да се креира мнение во јавноста за смена на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и „Доста е“ беше активна се до изборите во 2002 година, а веднаш потоа замре.
Освен за избори, ваквите креатури служат за создавање тензија во општеството и одвлекување на вниманието на полицијата, за да не може да дејствува кон надворешни загрозувања. Истовремено, Зоран Заев, заедно со раководството на СДСМ се во постојана кампања за ослабнување на способноста за одбрана и безбедност, преку компромитирање на безбедносните служби,објавување на сензибилни информации за оперативноста на службите и меѓународната соработка со странски сродни служби, издавање на државни тајни, намалување на моралот на безбедносните сили, создавање на подлога и повикување на конфликтност, нарушување на имиџот на земјата, напади врз правосудните органи, и отворање на простор за радикални сценарија. Заев, за таа цел се служи со монтирани материјали од нелегално стекнатите прислушувани разговори, вметнувајќи ги во контекст кој што е далеку од вистинит, но е во насока на исполнување на целите кои ги има пред себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.