| четврток, 6 декември 2018 |

Аки Рахимовски: Aко имаш песна, имаш сѐ (ВИДЕО)

parni-valjak-5

Десет години по нивниот последен концерт во Скопје, „Парни ваљак“ на 16 мај се враќаат во Македонија, овојпат во салата „Борис Трајковски“. Со концертот заочнува и нивната турнеја низ поголемите балкански градови, како обележување и прослава на нивното 40-годишно постоење.

parni-valjak-2

На денешната прес-конференција, лидерот и вокал на легендарната југословенска група Аки Рахимовски рече дека се радува со повторната средба со македонската публика.

parni-valjak-1

Целата средба со медиумите во видеото.

Картите за концертот веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, по цена од 400, 500, 700 и 1.000 денари, додека ВИП-влезница чини 1.200 денари. Настанот е со почеток од 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top