Дваесетина членови на навивачката група „Винари“ од Неготино вечерва беа најгласни и најголема атракција меѓу навивачите сместени на јужната трибина на Филип Втори.
Опремени со труба од која можеа да се слушнат звуците на песната на Добри Ставревски „ Едно име имаме“ и други навивачки песни Винарите ги водеа останатите присутни во пеењето и навивањето за Македониија.
И покрај тоа што поради двојните карти кои се појавиле пред средбата голем дел од членовите на навивачката група од Неготино морале да бидат сместени на други трибини и беше на делот на крајот на јужната трибина каде што немаа седишта сепак тие не се откажаа и за сите 90 минути и покрај водството на Белгија силно го бодреа националниот тим.
Другата атракција која може да се види на видеото на „Република“ беше поголемата група навивачи од Велес позиционирани на централниот дел од јужната трибина на Филип Втори Арената. Дел од нив и покрај студеното време се соблекоа голи до појас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.