| четврток, 6 декември 2018 |

„Машината Јан Бибијан“ вечерва го затвора ИТФ „Лица без маски“

Во Домот на АРМ во Скопје, вечерва во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Машината Јан Бибијан“ на софискиот театар „Ателје 313“, а во режија на Петар Пашов.

Овој исклучително уникатно читање на култната детска приказна „Јан Бибијан“, воедно ќе го означи и крајот на осмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ 2015.

Веднаш по завршувањето на претставата, на истата локација во Дом на АРМ, ќе биде соопштена одлуката на годинешното тричлено жири во состав: Бојан Трифуновски-режисер, претседател на комисијата и членовите Трајанка Илиева Вељиќ-Таци, актерка и критичарката Сребра Ѓорѓијевска.

Изминатите фестивалски денови, беа проследени со рекордна посетеност на сите претстави од годинешната програма, меѓу кои беа и ексклузивните гостувања на „Буре барут“ од Бугарија, на нашата режисерка Ана Батева, македонските претстави „Семејни приказни“ на Ангелчо Илиевски и „К“ на Хана Миленковска, како и госутвањето на Театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, со „Копилиња во умот“.

Интерес предизвика и експериментот на Џузепе Бонифати, со контроверзната „Морам да ти кажам нешто“, изведена во тоалетите на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top