Најмалку седум лица се повредени денеска при судир меѓу патничкиот воз со 350 патници и еден камион на премин на железничка пруга во Нанжис, на 50-ина километри од Париз, јави дописникот на МИА од францускиот главен град.
Претставник на префектурата Сена и Марна соопшти дека еден од повредените, најверојатно машиновозачот, се здобил со потешки повреди.
Судирот се случил во 8.40 часот, при што пет вагони на меѓуградскиот воз што сообраќал на линијата Белфорт-Париз, излетале од шините, но не се превртиле.
Набрзо по несреќата, патниците од возот со автобуси се префрлени до нивните крајни дестинации.
Причините за несреќата сè уште не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.