| четврток, 6 декември 2018 |

Ревијата со македонски модели а ла франга ја одушеви Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, пред преполн салон, се одржа модната ревија „Модните трендови и културата на живеењето од а ла франга до современата мода“.

revija_sofija1

Проектот, чијшто носител е НУ Музеј од Куманово ги проследува развојните линии на модното живеење од моделите од „а ла франга”, од почетокот на 20 век до денес, а на ревијата беа претставени и креации на модниот дизајнер Александар Рашковиќ, инспирирани од староградската мода.

revija_sofija2

Настанот го отворија директорите на НУ Музеј Куманово и КИЦ на Република Македонија во Софија, Анита Цветановска и Васко Шутаров. Автор на проектот е кустос-етнолог од НУ Музеј Куманово, Анита Ѓеорѓиоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top