| четврток, 6 декември 2018 |

Фронцек ќе го спасува Хановер

Германскиот тренер Михаел Фронцек е нов кормилар на Бундеслигашот Хановер, а мисијата за спас од испаѓање почнува веќе в сабота во меч против Хофенхајм.

Фронцек нема работено во последните две сезони, откако во 2013 година го напушти Сент Паули, а има искуство со Бундеслигашите. Претходно 51-годишниот тренер од Менхенгладбах ги предводеше Борусија од својот роден град и Алеманија Ахен и Арминија.

Хановер е во лоша серија од 5 меча без победа и се наоѓа на 15. позиција, што е едно скалило над зоната за испаѓање од елитната германска лига.

froncek

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top