| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина на тема: „Центрите за култура како основни двигатели на културата и уметноста“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во вторник (21-ви април ) во 12,30 часот ќе се одржи дискусија на тема „Центрите за култура како основни двигатели на културата и уметноста“. Разговорот ќе го води проф.д-р Христо Петрески, а во дебатата ќе учествуваат: проф.д-р Мишо Нетков; м-р Гоце Ристовски; м-р Николина Нолевска, м-р Трајче Кацаров и Мирче Нешовски.

Дел од темите за кои ќе се разговара на симпозиумот посветен на Центрите за култура во Република Македонија, ќе бидат: дисперзијата на културата; улогата, значењето и функциите на Центрите за култура; Центрите за култура помеѓу елитното и масовното; трансформацијата и пренамената на јавниот простор; локалната заедница и културата и уметноста; вмрежувањето на културните установи и институции; програмската поливалентност и потребите на граѓаните; слободното време, забавата и разонодата; креативноста и интеракцијата; условите, потешкотиите и проблемите; потенцијалите и недоволно искористените можности; локалниот, но и републичкиот и интернационалниот карактер на активностите; комуникацијата меѓу Центрите за култура и публиката; современиоит развој и растеж; културно-историските вредности и уметничките придонеси и перспективи; трансформацијата од објекти во субјекти; современиот урбан и програмски контекст; проекти и концепти; културните потреби и простори; просветителската и едукативна улога и функција; осовременувањето и прилагодувањето и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top