Италијанските власти уапсија двајца преживеани од бродоломот во водите близу Либија под сомнение дека шверцувале луѓе, соопшти министерот за инфраструктура, Грацијано Делрио.
Капетанот и неговиот помошник биле уапсени синоќа по доаѓањето во Катанија, сицилијанско пристаниште, каде што биле преземени од италијанските власти откако ги извлекле од море.
Бродот потона во неделата, а според УНХЦР животот го загубиле 800 мигранти. Полицијата досега извршила разговори со 27 преживеани.
Делрио рече дека апсењето на капетанот и неговиот прв помошник го наредил државниот обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


