| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија и Дејвид Бекам сакаат да ја купат куќата на Мадона

bekam 1

Викторија Бекам (41) деновиве го прослави роденденот и посака нова куќа, а нејзиниот сопруг Дејвид (39) се потруди веднаш да и’ ја исполни желбата. Двајцата заминаа во разгледување на луксузни имоти во Лос Анџелес, но ниту една не успеа да ја импресионира Бекамка, додека не стасаа до куќата во која повеќе од десет години живееше поп-кралицата Мадона (56).

– Штом влегоа во куќата, Викторија не престана да се смешка. Со нив беа и малата Харпер и Ромео. Девојчето воодушевено трчаше низ куќата и големите простории – раскажа агентката за недвижности. 

Куќата има 15 бањи, два дневни престои и две куќи за гости. Дел од комплексот се и тениско игралиште, базен, традиционален англиски паб, соба за игри и приватна сала за вежбање. Нејзината вредност се проценува на 18 милиони фунти. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top