| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина на ВМРО ДПМНЕ во Делчево

Ilija-Dimovski-int93-740x320-top

Димовски предупреди дека граѓаните се соочени со деструктивните сили од СДСМ

Во Спомендомот АСНОМ во Делчево ВМРО ДПМНЕ вечерва одржа трибина за актуелните состојби во државата.На трибината говореа градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански, министерот за здравство Никола Тодоров и пратениците Илија Димовски и Антонио Милошовски.

– Реконструирани се повеќе локални патишта, изградени се десетици улици, детски игралишта, просторно се проширени детската градинка, основните и средното училиште – истакна Шехтански.

Пратеникот Димовски предупреди дека граѓаните се соочени со деструктивните сили од СДСМ, кои сакаат со лаги, клевети, сечени, лепени и монтирани материјали од незаконско прислушкување, да сеат раздор и омраза, да ги спречат реформските процеси, економскиот подем, старнските инвестиции и новите вработувања.

-Се обидуваат да ја преиначат волјата на граѓаните, да дојдат на власт без изборен резултат – рече Димовски.

Според Димовски лидерот на опозицијата Зоран Заев, ни малку не се раликува од неговите претходници, дури и ги надминал со заканите, клеветите.

-За да им се оддолжи за услугите тој најавува спремност за насилство и крвопролевање. Ние нема да дозволиме нарушување на спокојството и мирот во Република Македонија, заради остварување на неговите болни политички амбиции, порача Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top