Во обид за спас, соочен со неуспехот и немањето поддршка, лидерот на СДСМ Зоран Заев во подготовка на ново, насилно и крваво сценарио, пишува „Курир“.
Според порталот, СДСМ станува свесен и се соочува со фактот дека ги немаат ефектите кои ги посакуваат, ја немаат поддршката од граѓаните. Стануват свесни дека граѓаните се заинтересирани за проекти кои ќе им го подобрат животот, наместо за креирани материјали, СДСМ и Заев стануват свесни и за доказите против нив, но и за доказите кои постојат за криминално-коруптивни дејствија во општина Струмица.
Соочен со ваквите непосакувани ефекти за нив, Заев тонејќи самиот во очај се обидува да ја повлече целата земја, па токму затоа на големо зборува за создавање на конфликт меѓу граѓаните и поттикнување на тензии. Заканите за крв и насилство по улиците стануват главни изјави и на раководните лица во СДСМ, но и на опозициските медиумски пера.
Понатаму, „Курир“ пишува дека атмосферата за насилство ја гради и Бранко Героски кој во своја колумна заговараше доаѓање на СДСМ на власт без избори со бунт.
-Јас сум убеден дека ако Груевски одлучи да свика избори што самиот ќе ги организира и ако за тоа ја добие поддршката од ДУИ, опозицијата ќе одговори одлучно и громко – бојкот, улица, отпор и бунт, напиша Героски во својата колумна.
Во исто време пак, вакво сценарио најавува и влијателниот опозициски новинар Зоран Димитровски кој веќе во новиот број на „Фокус“ во насока на подготовка на јавноста разработува сценарио за можна ескалација на собир кој неформално и беше најавен на 9 мај каде се споменуваат и вооружени групи од опозицијата кои би можеле да дејствуваат.
Порталот анализира дека потврда на ваквите пишувања на медиумските перјаници на СДСМ, дава и Заев кој се заканува со крв содавајќи подлога за насилство по улиците со цел дестабилизација на Македонија и економската стабилноста во земјава, но и закрвавување на Македонците што е во интерес за странските центри за кои тој одработува.
Денес и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски преку отворено писмо застана за Заев давајќи печат и поддшрка на ова сценарио. Честитајќи му на Заев за сето ова што го прави, Црвенковски според писмото, е подговен да застане во првите редови како на 24-ти декември за време на насилните протести.
Во писмото Црвенковски вели дека како лидер на СДСМ, а посебно после настаните на 24-ти декември 2012 година се залагал за целосно делегитимирање на власта, за активен и континуиран „отпор“, за перманентни протестни собири и маршови, за разни облици на граѓанска непослушност и за бојкот на локалните избори.
-На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка. „Отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести, вели Црвенковски.
Црвенковски на лидерството во партијата му посакува многу храброст и уште повеќе мудрост во реализацијата на оваа задача. Додава дека ова било стратегијата во која верувал пред две години и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно да се стави на располагање. Вечниот лидер на СДСМ нагласува дека е подготвен на ист начин како и на 24-ти декември 2012 да биде во првите редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)