При евентуална посета на косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи на Белград, државата ќе се однесува во согласност со законот, изјави денеска премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој, по церемонијата за почнување изградба на основно училиште и градинка во Нови Пазар, истакна дека постои правосудна пресуда и дека државата ќе се однесува во согласност со законот.
– Никој не врши притисок врз Србија за тоа прашање – посочи Вучиќ додавајќи оти со притисоци ништо не би се постигнало.
Тачи е поканет да допатува во Белград за да учествува на конференцијата „Европските интеграции на западниот Блакан: заедно можеме подобро“, која ќе се одржи од 23 до 25 април.
Меѓутоа, српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека потерницата издадена по Хашим Тачи е сѐ уште во сила во Србија, па од тие причини тој може да биде уапсен доколку дојде во земјата.
Со слична изјава се огласи и српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, кој рече дека ако Тачи дојде во Белград, ќе биде уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.