Изградбата на германската фабрика „Маркарт“ е вредна пвеќе од 35 милиони евра во завршна фаза. Во тек се интензивни подготовки за почнување на производството, изјави денеска градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, по посетата на индустриската зона „Караслари“.
Чадиев, кој направи увид во градежните активности на „Маркарт“, беше придружуван од генералниот директор на компанијата во Македонија Волфганг Аихер.
– Реализацијата на сите активности на првиот странски инвеститор во Велес во планираното време е доказ за доброто бизнис опкружување кое го има општината – нагласи Чадиев.
„Маркарт“, чија инвестиција во Македонија се проценува на 35 милиони евра, ќе произведува електронски компоненти за автомобилски гиганти како Мерцедес, БМВ, Ауди,…, а најавува вработување на најмалку 600 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Банката на Советот на Европа го следи секој чекор за изградбата на новиот Клинички центар
-
Се реконструира автопатот Неготино – Демир Капија, инвестицијата вреди пет милиони евра
-
До крајот на годинава ќе почне изградбата на новата зграда на ОУ „Димитар Македонски“ – Скопје
-
До крајот на годината треба да заврши изградбата на Стариот театар во Струмица