| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Банката на Советот на Европа го следи секој чекор за изградбата на новиот Клинички центар

Да почекаме да се заврши целата процедура и да видиме што ќе донесе целата постапка. Експерти од банката се вклучени и таа дава одобрение на секој чекор и можноста за грешка тука е ставена на минимум. Сепак, ова е најголемиот проект во историјата на македонското здравство и нема да дозволиме да бидат прекршени процедурите - изјави Тодоров

Изборот на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје е во период на „стенд стил“, комисијата ја води постапката во согласност со прецедурите и за секој чекор и одлука добива одобрение од стручен тим на банката за развој при Советот на Европа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

– Постапката за избор на фирма е во период на „стенд стил“, што значи дека сите незадоволни фирми можат да достават жалба. Таа ќе биде разгледана и од комисијата и од банката. За секој чекор на комисијата, банката дава согласност. Сепак, станува збор за банка на Советот на Европа и не верувам дека можат да направат таков превид и да дозволат фирма што има негативен бонитет да биде избрана за изведувач – изјави Тодоров на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Нагласи дека станува збор за конзорциум од повеќе фирми, меѓу кои и двете најголеми македонски градежни компании „Бетон“ и „Гранит“.

– Да почекаме да се заврши целата процедура и да видиме што ќе донесе целата постапка. Експерти од банката се вклучени и таа дава одобрение на секој чекор и можноста за грешка тука е ставена на минимум. Сепак, ова е најголемиот проект во историјата на македонското здравство и нема да дозволиме да бидат прекршени процедурите – изјави Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top