Двајца кумановци и двајца државјани на Србија се фатени на лице место од страна на полицијата како вршат недозволено копање и сквернавење во верскиот објект во Штип, кој за православните верници е црквата Свети Илија, а за муслиманските верници Хусамедин пашина Џамија. Објектот е прогласен за културно-историски споменик и е во сопственост на Министерството за култура.
ОД СВР-Штип велат дека дивите копачи, кои се фатени влера рано изутрината водва часот во објектот извршиле две археолошки ископување. На четирите лица им е одреден притвор, а Обвиителството поднесе соодветна кривична пријава.
Претставниците на Брегалничката епархија и на Исламската верска заедница во Штип го осудуваат овој чин со кој дивите копачи извршиле сквернавење на објектот, во кој верски обреди вршат и двете верски заедници, бараат соодветна казна за сторителите, бидејќи не е првпат овој објект да е нападнат од крадци и диви копачи кои бараат закопано злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.