Судскиот процес против членовите на Златна зора почна во отсуство на повеќето обвинети пратеници на неофашистичката партија, вклучувајчи го и лидерот Никос Михолалиакос, јави МИА од Атина.
Пред почетокот на судењето беа присутни 44 од вкупно 69 обвинети во процесот, по што, како што се очекуваше, процесот е презакажан за 7 мај.
Во судот пристигнаа адвокатите на двете страни, сведоци, како и родителите на 34-годишниот убиен музичар Павлос Фисас, како и новинарот Димитрис Псарас, кој обезбеди важни информации за истрагата во врска со случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.