Мајсторски дриблинг низ нозе и атрактивен кош постигна кошаркарот на Партизан, Милосављевиќ во полуфиналното дерби од АБА-лигата против Црвена звезда.
Како на фудбал, Милосављевиќ му ја протна топката низ нозете на корпулентниот центар Марјановиќ и потоа лесно погоди. Сепак, атрактивниот потег не му донесе победа на Партизан, екипа што ја загуби серијата со 1-3 и остана без настап во Евролигата. Црвена звезда е првиот финалист и во серијата за титулата на Јадранот ќе го чека победникот од мајсторката меѓу Будуќност и Цедевита. Во Подгорица ќе се игра клучниот меч, а серијата е израмнета со резултат 2-2 во победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


