| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ ги сними вардарки пред настапот на Ф4 во Будимпешта

Екипа на ЕХФ ТВ гостуваше во Скопје и сними специјална емисија за женскиот ракометен клуб Вардар пред настапот на завршниот турнир во Будимпешта.

Вардарки се дружеа со претставници на европската ракометна федерација, како загревање за клучниот настан сезонава, учеството на завршницата и битката за европската титула.

ЕХФ ТВ ќе сними специјали за сите 4 учесници, вклучувајќи ги покрај Вардар и екипата на Будуќност, Ларвик и на Динамо Волгоград.

Турнирот во Будимпешта се игра на 9 и 10 мај, а во полуфиналето вардарки ќе играат со Будуќност во реприза на ланскиот меч во истата фаза. Тој дуел ќе се игра на 9 мај од 16.45 часот, а два и пол часа претходно Ларвик ќе ги одмери силите со Динамо.

Мечот за третото место и финалето за континенталната круна ќе се играат следниот ден.

ehff

 

ФОТО:http://www.zrkvardar.mk/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top