| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанецот што може да победи во втората сезона на „Икс-фактор“ (ВИДЕО)

bobi

Жирито остана без зборови по настапот кој беше еден од највпечатливите во синоќената епизода на „Икс-фактор“.

Се наежив – краток беше Масимо Савиќ.

Тончи Хулиќ, пак, рече дека нема потреба да зборува и дека неговото гласно „да“, кажува сѐ.

Станува збор за аудицијата на македонскиот пејач Бобан Мојсовски. Боби ѝ е познат на македонската публика по слично талент-шоу на кое настапуваше пред неколку години. Оттогаш, покрај учеството на неколку фестивали како „Макфест“ и „Охрид-фест“, Мојсовски имаше одличен настап на „Славјански базар“ во Белорусија, како претставник на Македонија.

Сега, 22-годишниот охриѓанец е еден од кандидатите кои продолжуваат натаму во вториот круг на „Икс-фактор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top