| четврток, 6 декември 2018 |

Офицер на Садам „мозок“ на Исламската држава

садам

Поранешен разузнавач близок до поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин заслужен е за преземање на северна Сирија од страна на Исламска држава, објави „Шпигел“ врз основа на документи во кој имал увид.

Весникот имал увид во документ од 31 страници кои се распоред и план за воспоставување калифат во Сирија. Тие документи се дело на човек идентификуван како Самир Абд Мухамед ал Клифави. Тој е поранешен полковник во разузнавачката служба на ВВС на Садам Хусеин. Ал-Клифави дејствувал под псевдонимот Хаџи Бакр.

Со документите се покажува дека преземањето на северот на Сирија е дел од прецизен план на Хаџи Бакр, кој се остварува со помош на разни техники усовршени во безбедносниот систем на Садам, вклучително – надзор, шпионажа, убиства и киднапирања.

Бакр бил убиен во борбите со сириските бунтовници во јануари 2014 година, но пред загинувањето помогнал да се обезбедат делови од Сирија што за возврат ја зајакнало позиција на Исламската држава во соседен Ирак.

– Она што Бакр го оставил на хартија, страница по страница, со внимателно издвоени делови за поедичени должности, е план за окупација. Тоа не е манифест на вера, туку технички прецизен план за Исламска разузнавачка служба, калифат кој води организација слична на источногерманската Штази – наведува „Шпигел“.

Весникот заклучува дека тајната на „успехот“ на Исламска држава е во комбинацијата на фанатизам на една група и стратешки калкулации на друга, предводена од Бакр. Германскиот весник наведува дека до документите дошле по долги преговори со бунтовниците во Алепо кои ги имале кај себе по протерување исламисти од нивни штаб во почетокот на 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top