| четврток, 6 декември 2018 |

Со промоција на македонскиот рубин ќе се одбележи Денот на планетата земја

denot na planetata zemja
Светскиот ден на планетата земја, 22 април во Скопје ќе се дбележи преку мала изложба на приридните минерали, кристали, како и преку македонскиот рубин.
По тој повод дуќанчето „Деко“ и Народната канцеларија на председателот на Република Македонија ќе приредат пригоден настан, чијашто тема ќе биде запознавање со минералите од Република Македонија низ призмата на искуството со промоцијата на македонскиот рубин.
– Денот на планетата, главно, се одбележува со еколошки приредби и чистење на градот. Ние решивме да го одбележиме преку мала изложба на светот на природните минерали и кристали, секако и македонскиот рубин. Тие се основата на материјата од која е составена нашата планета Земја, која нѐ држи – вели Деан Шкартов од „Деко“.
Одбележувањето на Денот на планетата Земја ќе се случува на 22 и на 23 април од 11 до 20 часот, во просторијата на Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top