| четврток, 6 декември 2018 |

Сезона за заборав на Ливерпул, не успеа да се пласира во финалето на ФА Купот

Liverpool vs Aston Villa

По раната елиминиција од Лигата на шампионите и просечното учество оваа сезона во Премиер лигата, избраниците на Брендон Роџерс не успеаја да се пласираат и во финалето на ФА купот откако денеска загубија на Вембли од Астон Вила со 1-2.
Слабата форма на црвените од Ливерпул се покажа и на овој натпревар иако први поведоа со голот на Кутињо во 30 минута. Тоа беше се што сторија бидејќи во продолжение Астон Вила го диктираше темпото и создаде неколку добри прилики за гол, а искористија две. Најпрвин уште во првото полувреме израмни Белгиецот Бентеке, за потоа во вториот дел преку голот на Делф во 54 минута дојдат до целосен пресврт и заслужено да се радуваат на победата и пласманот во финалето.
Таму, Астон Вила ќе се сретне со Арсенал кој вчера истотака одигра слаб натпревар против нисколигашот Ридинг, но успеа да слави со 2-1 и тоа по продолженијата.


Aston Villa vs Liverpool 2-1 All Goals… by footballTV

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top