Српскиот тенисер и прв светски рекет Новак Ѓоковиќ е освојувач на мастерот во Монте Карло.
Тој во финалето беше поуспешен од Чехот Томаш Бердих со 2-1 (7-5, 4-6, 6-3) кој беше тврд орев и кој одигра фантастичен турнир и заслужено се пласираше во финалето.
Првиот сет изобилуваше со пресврти и брејкови на сервис на противникот, но Ноле ја стабилизираше својата игра и го освои првиот сет со 7-5.
Во вториот при резултат 3-2 за Ѓоковиќ дојде до прекин на мечот поради дожд, а тенисерите се вратија на теренот по еден час пауза. Тоа го искористи Бердих кој по паузата успеа да слави во вториот сет со 6-4 и да се избори за трет решавачки.
Сепак сета своја сила и моќ Ѓоковиќ ја покажа во третиот сет, набрзина поведе со 4-0 и сосема заслужено го освои со 6-3 и славеше победа.
Ова е 52.трофеј во кариерата за Србинот и е едниствениот тенисер што успеал да слави на првите три мастерс-турнири во една сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



