Македонската трпеза за жетва, за гроздобер, за свадби и разни славења од искона исто се подготвува, пишува порталот „Македонска нација“. Како што редот носи за свадби и наздравувања се барало долго подготвување. Кога ќе се роди машко дете, од првата берба грозје, во длабок песок вујкото закопува вино да стои до свадба. За свадбата се правеле долги подготовки, свадбарски песни, свадбарска трпеза со сите свадбарски обичаи преживеани до денеска.
Веселбата за свадба започнува кај момчето кога се пречекуваат другарите и роднините и одат по невестата и сите заедно славеле во театрите, во палатите, во дворовите како што сега се оди во ресторани. Знаеме колку народ собирале театрите, колку народ седнувал на трпеза. За децата се служеле млечни производи и слатки, за постарите варени манџи со многу месо и зеленчук, за младите се служело најјакото месо со многу зачини и рузмарин, ловор, клека, диво нане. Со вино и пиво, медовина и сочно овошје се полеваат со денови. Веселби, музика, обреди. Каква што е Галичката свадба, такви се свадбите во Македонија од секогаш. Канонот во црквите под поглед на иконостасите, резбите, фреските, го прави величествен и свет бракот како и во древноста кога свадбите ги придружувале богати форми од сите уметности на македонско творештво, со мозаици во базиликите и салите на палатите, колонади по патеките, статуи насекаде. Сето тоа надополнето со богата трпеза ја исполнува душата со возвишено чувство на припадност на народ кој што умее убаво и богато да живее и да го пренесува примерот низ генерации за да се сочува традицијата на свадби и славење.
За потребите во исхраната ни сведочат архаични садови што на себе носат печат на уметничко творештво и култура на живеење кај сите Македонци. Ако знаеме со што се служеле, што јаделе и што пиеле Македонците, ќе знаеме и како живееле. Сега можеме да видиме што имале во посед за да знаеме како се хранеле и како се служеле со сите садови, алати, орудија. Толку ситни и големи грнци, амфори, ќупови од керамика, од бронза, сребро и злато, украсени со писмо, знаци, цртежи, ни ја кажуваат моќта на Македонците. Добро и здраво се хранеле, умни, добри, борбени и способни да го организираат живеењето и работењето со големо обезбедување и заштита по здравјето и среќата на секој човек, на фамилијата и народот. Знаеле што да изнесат на македонската трпеза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


