| четврток, 6 декември 2018 |

Рома стана специјалист за нарешени средби, виси третото место (видео)

AS Roma vs Atalanta Bergamo

Екипата која на почетокот на сезоната важеше како главен конкурент за титулата во Серија А лигата на Јувентус, повторно одигра само нерешено на својот стадион против Аталанта (1-1).
Римската волчица слаб натпревар и да не беше досудениот пенал во третата минута се чини дека немаше ни да постигнат гол. Аталанта израмни по само седум минути игра истотака од пенал преку Герман Денис. Ова беше дури 13 дуел за Рома кој заврши со поделба на бодовите.


AS Roma vs Atalanta 1-1 All Goals and… by footballTV

Разликата во однос на Наполи сега е осум бода, но наполитанците имаат натпревар помалку кој го играат од 18 часот против Кајлари и со евентуална победа може да се доближат на само пет бода на седум кола до крајот.

Резултати Италија 31-во коло:

Рома – Аталанта 1-1, Кијево – Удинезе 1-1, Емполи – Парма 2-2, Палермо – Џенова 2-1, Сасуоло – Торино 1-1, Сампдорија – Чезена 0-0, Јувентус – Лацио 2-0.

Дербито на колото се игра вечерва во 20.45 часот, а се среќаваат градските ривали Интер и Милан. Колото се затвара со мечот Фиорентина – Верона кој се игра утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top